Пишувавме минатата година, ќе пишуваме и оваа. Со цел да апелираме и ја подобриме програмата на македонските телевизии, а во интерес на гледачите и нивно навремено информирање за тоа што го следат.
Секоја вечер пред полноќ на Алфа телевизија се емитува странски игран филм и секоја пофалба за телевизијата за ова, но за истиот не постои ниту било какво промо на програмата на телевизијата, ниту пак во програмскиот водич на телевизијата стои филмскиот наслов.
Игран филм – ништо повеќе.
Истото не важи само за терминот за филм од понеделник до петок, туку и за време на викенд филмските термини. Па така, доколку ја отворите веб страната на Алфа и одите во секцијата за Програма, за сабота, ќе видите :
За разлика од Алфа, телевизија Телма најпрофесионално известува за филмовите на нивната програма и тоа преку социјалните мрежи, промоа на телевизијата, како и целосна содржина, трејлер и линкови до филмовите на веб страната.
На професионален начин, тоа го прави секако и Македонската радиотелевизија.
| ТВ Пакет