ИСТОРИСКИ УСПЕХ, ТЕКВОНДИСТОТ ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОБЕЗБЕДИ А ОЛИМПИСКА НОРМА ЗА ИГРИТЕ ВО ТОКИО ОВА ЛЕТО



ИЗВОР: АЛФА

Нов огромен успех за македонскиот спорт. Обезбедена е првата олимписка норма за престојните Игри во Токио ова лето, откако Дејан Георгиевски попладнево во Софија успеа да се пласира во финалето на квалификацискиот турнир во теквондо. По подолго време Македонија успева да обезбеди А олимписка норма за најпрестижниот спортски настан на планетава.