Исплива строго чуваната тајна на ФБИ! Поранешен затвореник се нудел да врши ликвидации за Коби Брајант!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Поранешниот американски затвореник и боди-билдер Патрик Грејбер во 2003 година му се јавил на Коби Брајант со надеж дека ќе му помогне и ќе ја елиминира девојката која тогаш ја обвини големата кошаркашка ѕвезда за силување.

Наводно тој му се нудел и му понудил на Брајант да го реши скандалот за кој тој беше обвинет, за силување на една девојка, со тоа што ќе ја убие девојката.

Порталот TMZ, кој прв ја објави веста за трагичната смрт на Брајант во хеликоптерската несреќа, сега дојде во посед на тајните документи од ФБИ во кои, меѓудругото, го има и писмото кое Патрик му го испраќа на Коби. Тој барал 3.000.000 милиони долари за проблемот со силувањето да го снема, односно да изчезне.

Адвокатите на Брајант тогаш, штом писмото стигна на адресата на нивниот славен клиент, експресно реагирале и случајот веднаш го пријавиле кај надлежните установи, а писмото го доставиле во полицијата. Сега тоа го има во архивите на ФБИ.