Инспекторатот за животна средина дециден – Хотелот во Горица не смее да се гради



ИЗВОР: АЛФА

Сите активности во крајбрежјето и тактизирањa со урбанистичките планови што не се усогласени со режимот на заштита на Охридскиот регион водат директно кон  впишување на Охрид на Унеско листата на светско наследство во опасност-укажуваат од Државниот инспекторат за заштита на животната средина. И додека работната комисија на министерството за транспорт и врски ја разгледува целокупната документација поврзана со случајот “Парк”, од инспекторатот за заштита на животна средина, се децидни- градежните активности во Горица каде се сруши ресторанот  “ Парк” за на негово место да се гради хотел на три ката и потпокрив со вкупна висина од 13,5 метри-не ни смееле да започнат.

” Планот за управување со светското природно и културно наследство вооспостави зони и режими за заштита кон кои треба да се прилагодат урбанистсичките планови и никако обратно.Во зоната со ширина од 50 метри сметано од границата на катастарската парцела, во која се наоѓа спорниот објект, се забранува било каква урбана трансформација, што претставува препорака од извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО”велат од Државен инспекторат за заштита на животна средина.

Во документација за изградба на хотелот која се прибавувала цели 9 години,стои дека на 6.јули 2018-та е добиено правосилно одобрение за градење. Но,за експерите не е спорна само важноста на одобрението за градба на хотелот туку и решение со кое се одобрува елаборатот за заштина на животна средина кое е издадено пред 11 години.Ова го отвора прашањето, дали и овој документ е неважечки?

Формата и содржината на Елаборатите за заштита на животната средина согласно важечкиот правилник значително се разликува со оние на Елаборатите изработени пред 11 години. За новите постапки по 2014 години би требало да се применува новиот правилник и следствено да се надгради постојниот Елаборат за заштита на животната средина”велат од Државен инспекторат за заштита на животна средина.

И додека од Инспекторатот за заштита на животна срединачекаат инвеститорот да им ја достави сета документација врз основа на која беше извршено рушењето и се планира градбата,од транспоет и врски велат на неколку состаноци работната група ја разгледала документацијата и оти најдоцна до вторник ќе го изготвеле извештајот кој ќе биде разгледан на владина седница.

Росица Голабоска