Имињата на тајните сведоци завршиле кај командантите на УЧК. Познато е што имало во тие доверливи документи, во Хаг се многу загрижени



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Специјализираното обвинителство во Хаг оцени дека доказите кои се објавени во текот на тие 19 дена на прес конференции, телевизиски програми и на социјалните мрежи, го оштетиле судењето.

Во документите на Специјалното обвинителство во Хаг за злосторствата на ОВК, оставени во канцеларијата на ветерани на таа организација во Приштина, содржат списоци со имиња на сведоци, информации за сериозни злосторства и други оригинални доверливи содржини.

Минатата година, анонимно лице достави пакети со доверливи документи на Обвинителството во Хаг до канцеларијата на ветерани на поранешната ОВК во Приштина, а поради чие објавување функционерите на таа организација на ветераните, Хисни Гуцати и Насим Харадинај се уапсени и обвините дека го оневозможуваат работењето на судот.

Специјализираното обвинителство во Хаг откри дека првиот пакет содржи доверливи барања за помош во кривични истраги кои Специјалната истражна работна група ги испратила до српските власти, документ од српските власти, одговори, од кои повеќето се доверливи и вклучуваат имињата на сведоците.

Понатаму, се наведува дека истиот пакет содржел детални информации за сериозни злосторства, пренесува печатот во Приштина.

Во вториот пакет, има страници идентични со првиот, со шест страници со имиња на сведоци, класифицирани како доверливи.

На 931 страници се наоѓаат копии од судењата и документи поврзани со нив, што се одржуваат во Косово и во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКТЈ) во врска со случаи на воени злосторства.

Третиот пакет вклучува имиња на сведоци, изјави, документи и доверливи информации кои специјализираните совети ги имаат добиено од меѓународни организации.

Специјализираното обвинителство во Хаг оцени дека доказите објавени во текот на тие 19 дена на прес конференции, телевизиски програми и на социјалните мрежи, го оштетиле судењето.