Израел ги затвора границите за странци – Фокус


Израел соопшти дека ќе забрани влез на сите странци поради ширењето на новата варијанта на коронавирусот – омикрон, првпат откриена во Јужноафриканската Република.

Мерката ќе трае 14 дена, а ќе стапи во сила на полноќ, 29 ноември .

– Advertisements –

Израел станува првата земја која целосно ги затвори своите граници поради варијантата омикрон. Во земјата веќе е евидентиран еден случај од овој сој и за уште седум се чекаат конечни резултати. Премиерот Нафтали Бенет денеска рече дека забраната е „тежок чекор, но привремен и неопходен“.

Покрај затворањето на границите, властите ќе почнат да ги следат луѓето заразени со новата варијанта на вирусот преку технологија за следење телефон што се користи вообичаено за борба против тероризмот.

Вакцинираните израелски граѓани ќе треба да приложат ПЦР тест и да бидат ставени во карантин три дена, а невакцинираните седум дена. Одлуките беа објавени неколку часа пред еврејскиот празник Ханука – „Празникот на светлинината“, кој трае осум дена и е проследен со многу собири и прослави.

ИЗВОР. ФОКУС