Земјите од Г-7 усвоија заеднички план за односите со талибанците – Фокус


Британскиот премиер Борис Џонсон, по итната видеоконференција на Г-7, изјави дека организацијата на седумте најразвиени земји во светот постигнала договор за планот за како да се однесува кон талибанците.

– Она што го направивме денеска како Г-7 е постигнување договор, не само за заеднички пристап за решавање на евакуацијата, туку се согласивме и за план како ќе се однесуваме кон талибанците, рече Џонсон по итниот видео самит на седумте најразвиени земји во светот.

Тој повтори дека условот број еден за талибанците е тие да мора да гарантираат безбеден премин за секој што сака да го напушти Авганистан по 31 август.

Џонсон изрази надеж дека талибанците ќе сфатат дека, како што рече, Г7 е организација која има клучно глобално „економско, дипломатско и политичко влијание“.

– Она што сакаме да го порачаме е дека Авганистан не може повторно да стане жариште на терор, ниту нарко држава, а девојчињата мора да имаат право на образование до 18-годишна возраст, рече британскиот премиер.

На прашањето дали лидерите на Г-7 извршиле притисок врз американскиот претседател Џозеф Бајден за неговиот пристап кон решавање на кризата и за одбивањето да го продолжи рокот за заминување на преостанатите американски војници од Авганистан по 31 август, Џонсон рече дека евакуацијата од Кабул претставува многу значаен успех за војската“.

– Убедени сме дека можеме да извлечеме уште илјадници луѓе, меѓутоа, ситуацијата на аеродромот во Кабул не е ништо подобра, одговори Џонсон.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×