За вакцините нема истрага, за расипаниот путер јавни фалби



ИЗВОР: АЛФА

Здравствените власти не чувствуваат одговорност за скандалот со кинеските вакцини. Тврдат дека вакцините ќе стигнат во земјава и покрај тоа што Кина ја врати авансната уплата. Четири дена откако италјанскиот весник „Ла верита“ ја „стресе“ македонската јавност со набавката во која министерот Филипче користел фантом фирма како посредник, надлежните молчат и не гледаат причина зошто да понесат одговорност.

Сите постапки за набавка на вакцини против Ковид 19, Министерството за здравство ги води на законски начин. Со измислени афери и лажни информации, единствено одговорност треба да понесат оние што ги пласираат во јавноста и свесно наштетуваат на процесот на набавка на вакцини и процесот на имунизација – велат од Министерство за здравство.

Во јавноста врие од реакции ама од Министерството за здравство негираат дека се работи за провизии, па дури и ги обвинуваат медиумите и опозицијата дека шират лажни вести. Јавното обвинителство не постапува по допрен глас и чека некој да пријави, полицијата пак само немо набљудува.

Фантом фирмата според документите кои беа објавени, имала само тројца вработени, ама сепак имала финансиска моќ да плати дури 12,5 милиони долари за вакцини. Според најавите дека Филипче планира да набави 200 000 дози од вакцината „Синофарм“, една доза би ја платил за 62,5 долари, иако една вакцина чинела најмногу 32 долари. Овие податоци поставија дилеми дали власта сакала да плати двојно поголема цена – преку фирмата во Хонг Конг,  која според последните податоци  била формирана со основен капитал од само 1000 евра.

Во време кога на големо се зборува дека во набавката на кинеските вакцини е вмешана висока корупција и надлежните не мрдаат со прст за да се расчисти случајот, вицепремиерот задолжен за борба против корупција се фали со запленет путер. Истрага за можната афера тешка 12,5 милиони долари нема, ама Љупчо Николовски на социјалните мрежи сподели со јавноста дека  Агенцијата за храна и ветеринарство пронашла 4 ипол тони путер со поминат рок.

Адријана Алексиеска

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×