Затворенички не може да си ги видат децата, а Кичеец добива 30 дена за аритмија – Фокус


Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во 360 степени рече дека не е праведно затворенички да не може со години да си ги видат децата, а Зоран Милески Кичеец да добива 30 дена отсуство за аритмија.

Пендаровски напомена дека посебно го интересира и кои се двајцата странски државјани кои биле во автомобилот со Кичеец во моментот на сообраќајната несреќа.

– Advertisements –

-Еве еден од поновите случаи кој е апсурд и од човечки, од правен, од политички, од кривично-правен аспект. Тоа е случајот познат како ‘Кичеец’. Во ниту еден светски медиум никаде во светот на ниту еден континент не сум прочитал да има ваков настан дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Особено со двајца странски државјани, нешто кое посебно ме интересира кои се тие странски државјани, дали можеби некој е двое државјанин, македонско и тоа другото и тоа ќе биде интересно да се види, а тоа истрагата ќе треба да го покаже дали е точно.
Не сакам да навлезам во патетика во денови кои сме во национална жалост, но ако 30 дена се добива отсуство за аритмија, ние имаме луѓе, жени, бивши функционери во затворите кои имаат деца и со години не може да видат, не може да добијат викенд за да ги видат освен преку затворсите решетки и тоа не е правилно, ниту праведно, вели Пендаровски.

ИЗВОР. ФОКУС