Заев се пофали со зголемување на просечната плата


За четири години, од април 2017 до април 2021 година, просечната плата е зголемена за 5.766 денари, а за шест години, пак, од април 2011 до април 2017, платите пораснале само за 2.153 денари, објави премиерот Зоран Заев.
„Достоинството на работниците е скапоцено и затоа ја покачивме минималната плата на 15.284 денари, која до пред четири години беше 9.000 денари. Растот на минималната плата направи притисок за покачување на сите плати. Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори“, напиша Заев на фејсбук.
Тој додаде дека неговата цел е да го оствари даденото ветување пред граѓаните, според кое минималната плата треба да достигне 18.000, а просечната плата 36.000 денари до крајот на овој мандат.

ИЗВОР. ФОКУС