Заев: Проблемот со Бугарија е смешен, решението е добивка и за Бугарите и за Македонците од Северна Македонија



ИЗВОР: АЛФА

За Заев проблемот со Бугарија за идентитетот и јазикот е смешен.На економскиот Делфи форум во Атина македонскиот премиер истакна дека источниот сосед ги наметнал отворените прашања. Но сепак Заев е оптимист дека ќе дојде до решение со Софија. За прв пат ја употребува фразата Македонците од Северна Македонија.Очекува помош и од Грција. Според Заев Грците сега се наши стратешки партнери.

“Ние продолжуваме да разговараме со нив, ние сме пријатели со сите. Бугарија го измисли ова прашање. Дури, не ни можам да ви објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, непостоечки проблем. Ниe треба да најдеме решение бидејќи тоа е добивка и за Бугарите и за Македонците од Северна Македонија и само придобивки би донело на сите”, изјави Заев.

Вицепремиерот за европинтеграции Димитров пак истакна дека сега е врмее Европа  да го исполни ветувањето кон Македонија за почеток на преговорите.

“Бебе родено во Скопје ќе имаше 20 години, ако беше родено на денот кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската Унија. Изгубивме генерации и многу години, ги тргнавме блокадите, Комисијата континуирано вели дека сме подготвени да ги почнеме пристапните разговори, а еден начин како да му помогнеме на нашиот случај, јас патував во многу европски главни градови, е да објасниме зошто ова е во интерес и на земјите-членки и на институциите во Брисел”, рече Димитров.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција малитиадис Ваврицотис од форумот исто така порача дека Европа мора да ги исполни вњетувањата. Според него Брисел не треба да си дозволи нови одложуувања за Македонија и Албанија. Со нивното приклучување кон ЕУ, Грција како што рече Ваврицотис ќе има копнени граници со земји-членки на унијата. Атина како што рече алтернативниот шеф на дипшломатијата не е подготвена да прифати одвојување на Скопје и Тирана на европскиот пат.  

Градимир Марковски