Душо, твојата жртва беше залудна (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Хазел Хант, мајка на британски војник убиен во Авганистан, за Би -Би -Си изјави дека се плаши дека смртта на нејзиниот син е залудна.

Ричард Хант настрада во експлозијата во провинцијата Хелманд во 2009 година.

Му ставив цвеќиња на неговиот гроб, седнав и разговарав со него, му кажав што се случува. Му реков: Сите твои жртви беа залудни, душо. Жал ми е.

Хејзел Хант е една од многуте чии членови на семејството беа убиени или повредени во Авганистан, кои за Би -Би -Си изјавија колку се бесни поради повторно враќање на Талибанците на власт.

Бен Паркинсон беше тешко повреден во 2006 година кога мина експлодираше под неговото возило во Авганистан. Тој за Би -Би -Си изјави дека сега верува дека напорите на британските воени сили во таа земја „биле залудни“.

“Ние не сменивме ништо. Тогаш, која беше поентата, праша тој.