Дупка длабока 10 метри се појави на патот Дебар-Маврово, сообраќајот во прекин


Од утрово од 8 часот за сообраќај е затворен на регионалниот пат Дебар – Маврово, кај Бања „Косоврасти“, поради пропадната дупка на коловозот со длабочина од 10 метри и со можност да се прошири, информира АМСМ.

Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга.

– Advertisements –

На останатите патните правци надвор од градските средини сообраќајот утрово се одвива непречено по влажни коловози со умерен интензитет.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ИЗВОР. ФОКУС