Деталите ги кријат од јавноста



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Претставниците на Заедничката бугарско-македонска историска комисија се согласија за текстовите на записниците од претходните состаноци на Комисијата, објави агенцијата БГНЕС.

Се согласивме да го потпишеме записникот од 9-тиот состанок. Почнавме да работиме на записникот од 10-тиот состанок, има многу контроверзни моменти. Разјаснивме некои работи, но сè уште има работа на овој протокол, изјавил за БГНЕС проф Ангел Димитров, копретседавач на Комисијата од бугарска страна.

Разговорите беа одржани преку интернет и имаа техничка природа, односно не разговараа за суштински историски прашања. На нив присуствуваа тројца претставници од Бугарија и Македонија.

12-тиот состанок на Заедничката бугарско-македонска комисија ќе биде на крајот на февруари. Предвидено е за последниот четврток и петок во месецот.

Доколку условите дозволуваат од здравствена гледна точка, состанокот може да се одржи во Софија. Доколку условите не дозволат, тоа ќе биде онлајн, додаде проф.Димитров.