Денот кога Црвенковски го “растури” Груевски, тоа Никола никогаш не му го прости на Бранко (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

За ниту едни избори во македонската посткомунистичка историја не е толку зборувано и не останати толку врежани во колективната меморија како што се парламентарните избори на 15 септември 2002 година. Тоа е денот кој социјалдемократите сакаат да го паметат, а членовите на ВМРО ДПМНЕ сакаат никогаш да не се повтори.

Тоа беа први избори кои се оддржаа според новиот пропорционален модел. Пред тоа СДСМ убедливо победи на локалните избори во 2000-та година, а ВМРО ДПМНЕ имаше контроверзна победа со Борис Трајковски на претседателските избори во 1999 година.

ВМРО ДПМНЕ како власт на тие избори одеше во коалиција со Либералната партија на Стојан Андов и Ристо Гуштеров, а СДСМ предводеше голема коалиција која се нарекуваше За Македонија заедно.

На крајот СДСМ и Бранко Црвенковски ја имаа една од најголемите победи во историјата на независна Македонија, победија со 60 освоени мандати и со вкупно освоени 497.342 гласови. ВМРО ДПМНЕ и Љубчо георгиевски освоија 299.179 гласови и 33 мандати.

Имало во историјата на плурализмот и поубедливи победи, на пример победата на Никола Груевски на изборите во 2008 година, но се зборуваат и се паметат само изборите на 15 септември. На ниту едни избори досега не била ослободена таква политичка енергија. Тоа беа први избори по воениот конфликт во 2001 година. СДСМ и Црвенковски дојдоа на власт со огромни очекувања и надежи на глчасачите и таа доверба која му беше дадена на Црвенковски потоа му стана камен околу вратот, бидејќи големите надежи секогаш носат и големи разочарувања.

Црвенковски беше носител на листата во првата изборна единица. Конкурент му беше Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ. Тоа е најтешкиот личен пораз на Груевски во неговата кариера, ако не се смета поразот на локалните избори во 2017 година. Во “единицата” Црвенковски имаше 13, а Груевски само четири мандати.

Таа 2002 година Кометал Ѓорче Петров стана женски европски шампион во ракомет, а во последен момент Црвенковски направи договор со Трифун Костовски кој беше носите на листата на коалицијата предводена од СДСМ во втората изборна единица. Црвенковски успеа да ги убеди потпретседателите Владо Бучковски и Радмила Шекеринска, кои уште тогаш се бореа да бидат негов наследник, да не бидат носители на листи. Така, Шекеринска беше втора во првата изборна единица, а Бучковски беше втор во втората изборна едница.

Голема победа имаше Илинка Митрева во шестата изборна едница, носител во четвртата изборна единица беше Петар Гошев, каде втор на листата беше тогашниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорги Спасов. Потоа Спасов заминува да биде македонски амбасадор во Велика Британија, а на негово место во Парламентот влегува младиот Зоран Заев, тогаш непознат за пошироката македонска јавност. И плус носители беа Тито Петковски и Никола Поповски.