Дел од македонските тутунари се уште не ги добиле средствата од паттиот ковид пакет, а дел само делумно?!



ИЗВОР: АЛФА

И по речиси еден месец од почетокот на исплатата на инаку, со месеци пролонгираните финансиски средства од петтиот Ковид-пакет, дел од македонските тутунопроизводители се уште не ги добиле парите, а други пак, добиле само дел, односно помалку од ветеното и очекуваното.

„Ние секој ден сме во комуникација со тутунарите и според она што го имаме како сознание, голем дел од тутунарите немаат воопшто добиено средства од Ковид-пакетот, додека пак, исто така, не мал број тутунари имаат добиено средства, меѓутоа во намален износ. Кај некои 3 до 4, па и 5.000 денари фалат“, – ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски претседетел на ТЗ „Тутунска надеж“.

Овие луѓе, се обиделе да стапат во контакт и со Генералниот секретаријат на Владата, но и со Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп, а со цел да дознаат на што се должи оваа состојба.

„Мислам дека ова е резултат на некаква лоша комуникација помеѓу Платежната агеција и ГС на Владата, бидејќи овие средства ги исплаќа Генералниот секретаријат на Владата. Јас испратив е-маил до Владата од каде што е-маилот е препратен до МЗШВ, од каде се уште немаме одговор. Во меѓувреме стапив во контакт и со подрачниот раководител на ПЕ во Прилеп, Зоран Пачешкоски. Се обидуваме сега со него да дознаеме за што точно се работи.“, – објаснува Јосифовски.

Го побаравме и ние подрачниот раководител Пачешкоски. Според него, некои од тутунарите задоцниле со доставувањето на документацијата, а некои пак, имале прикажано лажни податоци.

„Тие што се обратија до Подрачнава се решени. Имаше ситуации каде што има грешка во трансакциска сметка, има и такви кај што има повеќе сметки, тој оди во Комерцијална, а парите му лежат во Стопанска банка. Кај некои не се исплатени оти им е најдена разлика во контрола што се казнети претходно, имаат различни површини пријавено. На лице место контролата констатирала дека е лажно пријавено и тие се санкционирани. Доколку има некој проблем, слободно да го пратат во Подрачното и преку контактите во Платежна агенција ќе провериме што е проблемот“, вели Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Прилеп.

Инаку, со овој пакет мерки се опфатени 19.060 тутунопроизводители. Се работи за поддршка од 3 денари по килограм необработен тутун од втора класа и 16 денари за килограм тутун од трета и четврта класа. Оваа поддршка на тутунарите им беше ветена уште на почетокот од годинава, па во оваа задоцнета исплата, тие препознаваат и политика и тоа од два аспекти. Едниот, Владата да си го спаси мнозинството, а додека другиот е што за десетина дена треба и официјално да започне откупот на тутунот од годинашнава реколта.

Каролина Дурло

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×