Делови од општините Центар и Сарај утре без струја



ИЗВОР: АЛФА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници на ден 23.07.2021 година ( петок ):

• – во периодот од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од дел улицата Ацо Караманов броевите: 16 и 20 ( општина Центар );
• – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел на улиците: Лазар Личеновски, Скупи, Самоилова, бул. Никола Карев и други околни улици. ( општина Центар );
• – во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Крушопек, објектите околу базенот „Сарај“ и општината Сарај. ( општина Сарај )