Двајца Камерунци со фалсификувани милион евра уапсени на скопскиот аеродром


Полицијата вечерва уапсила двајца државјани на Камерун кои со себе имале фалсификувани банкноти во вредност од речиси милион евра, потврдуваат од МВР за „Фокус“.

Како што неофицијално дознаваме, лицата допатувале со лет од Милано, а фалсификуваните пари ги криеле во багажот.

– Advertisements –

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.

К.С.Б.

ИЗВОР. ФОКУС