Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот! – Фокус


Најважно е да ги тргнеме партиските интереси и да работиме во интерес на нашите граѓани, порача денеска премиерот Зоран Заев на своето обраќање од Пелинце.

„Третиот Илинден е нашиот континуитет. Северна Македонија денеска се препознава во светот. Нашиот Илинден нема да заврши. Останува да го одржуваме и шириме пламенот на Илинден, кој не ни е даден да го оставиме во историјата, туку да го живееме. Илинден ги надминува границите на било кој временски период. Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот. Да бидеме сложни и единствени заради граѓаните. Секогаш да настојуваме да правиме чекор повеќе“, истакна Заев.

– Advertisements –


ИЗВОР. ФОКУС