Дали УЕФА згреши !? Црвена Звезда среде воена состојба ќе игра фудбал среде Ерменија !



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Иако во Ерменија има воена состојба, УЕФА одлучи да не го смени домаќинот на натпреварот.

Имаше резервна опција што ќе биде Кипар, но Европската куќа на фудбалот не се одлучи за тоа.

Фудбалерите на Црвена звезда моментално тестираат за вирусот корона, а во среда ќе започне чартер-лет кон главниот град на Ерменија.

Дуелот помеѓу Арарат и Црвено-белите се игра на 1 октомври со почеток во 16 часот во Ереван, а тие ќе одлучат кој клуб ќе оди во групната фаза од Лигата на Европа.