Ги знаеше сите тајни на ФБИ, беше четврти човек, повеќе не сакаше да биде агент и стана возач на автобус (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Четвртиот човек на ФБИ, одлучи од корен да го промени својот живот. Поранешниот агент Мајкл Мејсон, по 23 години во разузнавачката служба, одлучи дека сака да ја смени професијата и стана возач на училишен автобус во Вирџинија.
Еден ден виде оглас за работа и помисли дека тоа е совршена можност да се пензионира како агент на ФБИ.
Наместо да избере типично хоби, како што е голф или риболов, Мајкл Мејсон избра да превезува ученици.

Во текот на кариерата се занимавав со многу многу важни работи, но ова е исто така важно, рече тој.
Мајкл објасни дека на врвот на неговата кариера во ФБИ, тој бил четврти во хиерархијата и дека контролирал околу половина од луѓето што работеле во оваа разузнавачка служба.
Кога бевме погодени од пандемијата на коронавирус, многу луѓе се уште требаше да продолжат да ја вршат својата работа. Чувствував дека на овој начин, исто така, можам да придонесам за закрепнување по пандемијата, рече Мејсон.

Michael Mason was the executive assistant director of the FBI and retired after 23 years with the agency.But unlike many retirees, Mason is not sitting at home and relaxing. He started a new job – as a bus driver. https://t.co/pumKR7tgq9— 48 Hours (@48hours) October 12, 2021

Воодушевени од неговиот придонес во заедницата, основните училишта во округот Честерфилд одлучија да ја споделат неговата приказна преку промотивно видео, со надеж дека ќе привлечат повеќе возачи да аплицираат за работата.
Мејсон се надева дека рекламната кампања ќе биде успешна.
Верувам дека ако секој од нас придонесе, би постигнале многу заедно, рече Мејсон.

Навигација на напис