Вучиќ ќе пие чај во Кремљ на 25 ноември, очекува да се врати со ефтина цена на гасот



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 25 ноември во Москва, неофицијално дознава Спутник.
Двајцата претседатели ќе разговараат за проблемите на Косово и Метохија, цената на гасот и актуелната гасна криза во Европа.
Потсетуваме, денеска Србија доби гас по цена од 270 долари за 1.000 кубни метри, додека неговата цена на берзата се движи помеѓу 1.000 и 2.000 долари. Се очекува дека Србија ќе добие гас по пониска цена од другите, според новата формула.
Претседателот на Србија последен пат се сретна со Путин во јуни минатата година, кога присуствуваше на воената парада по повод 75 -годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Навигација на напис