Врие во српскиот дел на Косово – Десетина Срби повредени, еден потешко



ИЗВОР: АЛФА

Ескалира ситуацијата во Косово.

Еден Србин е тешко ранет за време на акција на косовската полиција во Звечан, застрелан е во грб, јавуваат косовските и српските медиуми.

Повредата беше нанесена од огнено оружје, тој беше застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операционата сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба“ -вели во телефонски разговор Златан Елек, директор на клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.

Српските медиуми известуваат дека се повредени уште десетина Срби во инцидентите.  Откако утрово косовската полиција започна да спроведува акција за „спречување на криумчарење стока“,, дошло до конфликт помеѓу граѓани и специјалните полициски единици. Полицијат акоја дошла од Јужна Митровица влегла во градска аптека и барала документи. После тоа група граѓани се собрале за да го изразат незадоволството од полицискат аакција, а сотуацијата ескалирала кога полициските службеници возвратиле со солзавец и шок бомби. Во инцидентите и повеќе автомобили биле оштетени, а еден бил запален.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и ги повика КФОР и меѓународната заедница итно да ги заштитат косовските Срби.

Ова е резултат на дивеењето на Албин Курти и предизвикување на хаос во Косово и Метохија“,  истакна Петковиќ.

Се огласи и косовскиот премиер, Албин Курти.

Акцијата беше во насока на спречување на нелегални активности и заврши. Ги повикувам граѓаните во северната општина Митровица да не бидат жртви на некои медиуми во Србија кои го штитат криминалот, корупцијата и шверцот и сакаат да го политизираат и етнизираат.“

На итен состанок со Србите во Косово се упати претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Викторија Миткова