Во Токио допатуваа во бункер со замрзната риба, не ги видоа своите семејства пет месеци, а потоа освоија олимписко злато



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Една од најемотивните приказни од Олимписките игри во Токио е поврзана со рагбистите на Фиџи.

Претставници на државата со помалку од 900.000 жители во финалето на рагби на ОИ во Токио, со резултат 27 спрема 12 ги поразија своите соседи од Нов Зеланд и го освоија олимпиското злато. Тие ја прославија победата плачејќи, прегрнувајќи се и пеејќи ја химната.

Солзите што ја обиколија планетата не се случајност. Членовите на националниот тим на Фиџи во последните неколку месеци беа оставени да бидат сами со себе. Рагби играчите се собраа на почетокот на април за да се подготват за Олимписките игри, но владата на Фиџи воведе заклучување поради корона вирусот на 6 април.

Ниту еден од играчите не смееше да си оди дома. Тимот остана во хостел во предградието на главниот град и тренираше во гаража. Фактот што капетанот Џери Туваји се обиде да избега за да ги види своите три деца покажува колку им било тешко да бидат затворени. Сепак, селекторот го забележа тоа и успеа да го убеди капитенот да остане.

На крајот на јуни, по скоро три месеци карантин, тие беа во можност да го напуштат хостелот, но само да отпатуваат во Австралија на два подготвителни натпревари. Дури и тогаш, не им беше дозволено да ги видат своите семејства.

Тие не можеа да патуваат во Јапонија и Олимписките игри со чартер, бидејќи немаа пари за тоа. Наместо тоа, тие патуваа за Токио со товарен авион, возејќи се во складишниот дел на авионот полн со палети со замрзната риба.

И покрај сите тешкотии, тие успеаја да стигнат до златниот медал.

Но, нивните маки и перипетии не завршуваат тука. По враќањето во татковината, ќе мора да бидат ставени во карантин уште две недели, а дури потоа ќе си заминат дома. Тоа значи дека ќе ги видат своите семејства по дури пет месеци.