Во следните неколку недели ситуацијата ќе биде критична, болниците веќе се полнат



ИЗВОР: АЛФА

Пред нас се неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична – алармира првиот човек на министерството за здравство. Загрижува зголемениот број на нови случаи со корона вирус, а се зголемува и потребата од хоспитализација на пациентите кои имаат потешка клиничка слика. Состојбата во болниците дава уште еден предупредувачки знак – четвртиот бран зема замав.

Ако ја гледаме динамиката со која што бројот се згхолемува, може а кажеме дека пред нас се неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична, има зголемен број на дијагностицирани и пациенти за хоспитализација посебно  во неколку градови  Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, дел од пациентите се префрлаат на Инфективната клиника бидејќи нема место – изјави Филипче.

Анализата покажува дека зголемување на бројот на новодијагностицирани има во градовите каде процентот на вакцинирани е многу мал. Дури 90% од новозаразените немаат примено ниту една доза од вакцината. Во главниот град пак деновиве расте интересот за вакцинација– а најавените рестриктивни мерки ги натераа граѓаните масовно да одат во вакциналните пунктови. Пред поликлиниката Јане Сандански камерата на Алфа забележа голем метеж,  но граѓаните не чекаат долго за вакцинирање.

Дел од нив, сметаат дека целта на здравствените власти со новите мерки била, на психолошки начин да ги убедат да се имунизираат.

Откако министирот ги најави рестрикциите кои стапуваат на сила на во понеделник, нагло се зголеми бројот на луѓе кои сакаат да се вакцинираат, а во просек во денот првата доза ја примаат околу 8000 граѓани.

Адријана Алексиеска