Висок пораз од Германија во Скопје (4-0) – Фокус


Македонската фудбалска репрезентација претрпе висок пораз од Германија (4-0) на домашен терен и дополнително ги комплицира шансите на нашата селекција за пласман на СП.

Во првото полувреме нашите фудбалери одолеваа на нападите на Германците, а повремено и успеваа да се заканат кон голот на Нојер.

– Advertisements –

После само пет минути во второто полувреме, гостинот стигна до предност. Велковски имаше еден лош пас, а селекција како Германија грешки не простува. Веднаш по пресечената топка организираа контра, во која егзекутор беше Хаверц.

Овој погодок значеше и доминација на Германија до крајот на мечот, а победникот беше решен на 20 минути до крајот на мечот. Во 70-та минута Вернер погоди за 2-0, а само три минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за 3-0.

Конечните 0:4 ги постави Мусиала во 83. минута по грешката на Муслиу кој слично како и Велковски претходно при голот на Хаверец лошо проигра.

Македонија сега ќе падне од втората на третата позиција. Романците имаат 13 бода, ние и Ерменија по 12, Исланд 8, Лихтенштајн е последен со еден бод. Германија со денешната победа веќе го обезбеди директниот пласман на Светското првенство.

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

ИЗВОР. ФОКУС