Видов луѓе без раце, беа повредени и умираа. Во близината загина и Тоше Проевски



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Патник од автобусот кој утрово слета на автопатот и се преврте во близината на хрватскиот град, Славонски Брод, пред камерите на ХТВ ги опиша шокантните моменти од несреќата.

Патникот Рамо Гаши раскажа како изгледале првите моменти по несреќата.

Одеднаш нешто експлодираше во секунда, и потоа видов дека целиот народ, сите патници беа доле во тој канал покрај автопатот,рече Гаши.

Тој ја опишал ужасната глетка што ја видел.

Ги видов повредените, мртвите, видов сè, луѓе без рака, видов сè, видов сè, изјави за ХТВ Рамо Гачи, еден од патниците од автобусот.

Инаку на тој дел од автопатот од хрватско-српската граница до Загреб, загина и македонската пејачка легенда, Тоше Проевски, на автопатот Загреб – Липовац на влезот во Нова Градишка, на истиот потег каде што утрови се се случи сообраќајната во која загинаа десет лица.

Официјалната полициска статистика покажува дека повеќе од 2.000 несреќи што се случиле на овој дел од автопатот во последните 10 години.

Несреќата што се случи денес се случи на истата делница.

Рано утрово се случи тешка несреќа на автопатот А3 кај Славонски Брод, во која загинаа десет лица. Над 40 се повредени, од кои 15 потешко. Две лица се на интензивна нега, соопшти полицијата.

Автобус со регистрација на Косово, кој патувал од Франкфурт до Приштина околу 6:20 часот, излетал од патот и се превртел.

Вкупно 42 лица се хоспитализирани, а две се на интензивна нега.

Еден од десетте загинати е еден од возачите кој не возел за време на несреќата.

Возачот кој за време на несреќата бил зад воланот бил уапсен и е во притвор. Тој и рекол на полицијата дека заспал за момент.

Во автобусот имало 69 патници.

Ние што бевме на врвот на автобусот добро се снајдовме, но оние што беа долу, тоа беше вистински масакр. Скоро сите патници во шест наутро спиеја во автобусот. Се уште не ми е јасно како се случи трагедија од таква големина. Првото нешто што го паметам по превртувањето, кога се разбудив, беше помислата дека само се превртевме и дека не беше сериозна несреќа, дека не е толку трагично. Но, тоа беше баш трагично. Успеав да им се јавам на моето семејство и сите беа пресреќни, изјави за Фидан Хајдари од Косово, кој работи и живее во Германија, собирајќи сили да им се заблагодари на полицијата и здравствените работници кои сторија сé за да им помогнат.