Вашата ќерка згази бебе кое почина. Шокантна исповест на Мери Георгиевска за измамите за кои се плаќаат по десет илјади евра



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Мери Георгиевска, ќерка на починатиот македонски режисер и политичар, сподели шокантна сторија на својот фејсбук профил.

Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: “мама направив сообраќајка” (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко или женско. Чекаат да го вриснете името). Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши).

Внимание‼️Споделувајте ‼️Ова што ќе го прочитате одговорно тврдам дека ми се случи мене, а со тоа и на мојата потесна…

Posted by Meri Georgievska on Tuesday, June 15, 2021

Јас веќе не знаев кај сум, пишува Мери и продолжува:

На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина.Шок и безумие. Пет пати најмалку ми потенцира дека ќе добиеме кривична пријава.

Две минути по тој телефонски повик, вели Мери, таа зборувала со нејзината ќерка и станало јасно дека е тоа една голема лага.

Одиме во полициска станица и командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно, објаснува Мери Георгиевска. На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор.

При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи, додава таа.

Според Георгиевска овој тренд на телефонски терор трае засилено од 2020-та и сега ескалира. Очекуваат летово да бидат обивани и станови, не само изнудувани пари.Ниту едни пари на свет не можат да покријат дело прегазено и мртво бебе. Ова е страшно што се случува, заклучува таа.