Бугарија ќе ја пушти Македонија во ЕУ!? Тоа ќе биде главна задача на новата влада. Американската амбасадорка во Софија го води целиот процес



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Основната задача на новата влада, кога ќе биде објавена и изгласана ќе биде да ја пушти Северна Македонија во Европската унија. Тоа го пишува порталот Лупа.бг, повикувајќи се на добри познавачи на политиката на американската амбасада во Бугарија.

Првиот и главен приоритет на идниот владин кабинет е укинување на бугарската блокада над Македонија. Тогаш, се разбира, ќе има владина криза. А ГЕРБ само тоа го чека, некој друг да и го отстапи патот на Македонија за да им светнат очите, објаснува политички аналитичар за Лупа.бг.

Тој истакна дека сега сме во „слеп“ период и во моментот има повеќе прашалници отколку што се јасните работи.

Американската амбасада, ДПС ( партијата на Турците ), Демократска Бугарија ( партијата на екс премиерот Иван Костов ) до одреден степен – тоа се факторите што одредуваат што ќе се случи. И неколку бугарски олигарси. Сега олигархиските кругови се обидуваат да ја разберат распределбата на моќта. И да не ја налутат американската амбасадорка во Бугарија, Херо Мустафа, затоа што таа мора да погохне да биде формирана влада што ќе ја прифати Македонија. Таква е волјата на Ентони Блинкен ( државен секретар на САД ), изјави врвен геополитичар во Бугарија, за овој портал.

Забележително е дека случајот Македонија не е меѓу темите што имаат приоритет во партиските консултации што се во тек. Апсолутни приоритети за Демократска Бугарија и ИМВ на Маја Манолева ( кои се партии на протестите ) остануваат борбата против корупцијата, уставните реформи и чистењето на регулаторите и службите.

Од друга страна, денес стана јасно дека Северна Македонија има потпишано 12 договори за прекугранична соработка со Бугарија и Косово во вкупна вредност од 3,6 милиони евра. Средствата се обезбедени од програмата ИПА за прекугранична соработка на ЕУ, пишува порталот.

Ова е дел од подготвителната фаза за судбинскиот чекор. Нема да се извлечеме од овој чин, да се укине ветото врз Македонија, навестија блиски структури до владата, заклучува Лупа.