Бугарија нe блокира зашто ЕУ сакаше македонски превод – Фокус


Да имаше предавство немаше да имаме вето од Бугарија денес, точно ги знаеме црвените линии и затоа Бугарија не блокира, изјави министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

-Политичка храброст значи да направите тешки комромиси за доброто на граѓаните. Единствена храброст во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше споменикот на Александар Македонски, но немаа храброст ни да го наречат Александар Македонски. Мислеа дека тоа е начин да се одбранат македонските национални интереси – рече Маричиќ на ТВ 24.

– Advertisements –

Тој додаде дека поради политиката и неуспешноста на ДПМНЕ во 2008 да го реши проблемот со Грција, мораше, како што вели, под полоши услови да се преговара.

-Со предупредувања за замислени предавства, ВМРО-ДПМНЕ 11 години не правеше ништо за да ги реши политичките прашања со соседите. Политичката храброст на оваа власт и премиерот Заев е ценета во целиот свет – рече Маричиќ.

Според него, Бугарија не блокира бидејќи ЕУ сакаше да го преведе целото европско законодавство на македонски јазик.

-Тоа беше нашата битка, интерес на Северна Македонија и наша победа во тој момент. Тоа беше причина Бугарија да ја издаде декларацијата во Собранието – рече Маричиќ.

ИЗВОР. ФОКУС