Бочварски не очекува застои на транспортерите – Фокус


Транспортерите не се очекува да имаат проблеми во транспортот на стоки наредниот период, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Според него, регионот одлично соработува, а владината одлука донесена на барање на здруженијата на транспортерите да не се подложни на тестирања и карантини при влез во земјава и да не се третираат како другите граѓани им помогнала на транспортерите.

– Во целиот изминат период успеавме успешно да се справиме со овој аспект, зашто тие транспортери и транспортот на стока, на лекови и на храна, се одвиваше непречено и тие мораа да стигнат навреме таму каде се упатиле. Јас сум задоволен од досегашната соработка со целиот регион, зелените рути и тоа како профункционираа и верувам дека ќе продолжат со истото темпо, така што во овој момент не очекувам дека транспортерите ќе имаат каков било застој или проблеми зашто тие во најголем дел од земјите се изземени од најголем број прoтоколи кои се за граѓаните – изјави Бочварски.

– Advertisements –


ИЗВОР. ФОКУС