Блинкен испрати честитка за независноста – Фокус


Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, испрати писмо до шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во кое честита 30-години независност и воедно порачува дека САД се големи поддржувачи на Северна Македонија.

„САД се покрај вас додека вие продолжувате со вашите напори за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, унапредувајќи го владеењето на правото и засилувајќи ги вашите демократски институции. Северна Македонија, исто така, ја има нашата непоколеблива поддршка и кога станува збор за остварување на вашите аспирации за членство во ЕУ“, пишува Блинкен.

– Advertisements –

Државниот секретар на САД нагласува и дека САД со гордост ја поздравиле Северна Македонија како 30-та земја-членка во НАТО.

ИЗВОР. ФОКУС