БАСКЕТ КАМ ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ ВО ФИНАЛЕТО ОД ЖЕНСКИОТ КОШАРКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА



ИЗВОР: АЛФА

Екипата на Баскет Кам го освои пехарот од годинешното издание на кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако во финалето го совлада убедливо составот на Бадел 1862 со 81:64.

Победникот практично беше решен уште во првиот дел од средбата кога составот од Македонска Каменица доминираше на паркетот на натпреварот во СРЦ Кале и на полувремето веќе имаше позитива од 22 поени По паузата во преостанатите две четвртини Баскет Кам продолжи со идентична игра и во мирна завршница стигна до првиот торфеј во клубската историја.

Очекувано МВП признанието за најкорисна натпреварувачка замина во редовите на освојувачот на Куп пехарот, а го доби српската интернационалка Драгана Гобељиќ која во финалниот меч забележа 25 поени, 9 скока и 5 асистенции.