„Балканска соба“ е новата група на која се појави порнографски материјал со деца


Група во која секојдневно се споделуваат порнографски материјали со деца и малолетници е откриена на социјалната мрежа „Телеграм“. Како што е наведено, во групата „Балканска соба“, еден од членовите дури објавил и видео на дете, околу пет или шест години, како се самозадоволува. Оваа морничава група на „Телеграм“ брои околу 2.000 членови, објавуваат српските медиуми Kурир.рс и Блиц.рс.

Постои и линк до друга група на Телеграм „Јанг скул п*рн“ на кој исто така се споделува педофилска содржина.

– Advertisements –

Наводно, групата повеќе не може да се најде на Телеграм, но снимки и скриншоти кружат по социјалните мрежи. Во Србија функционираше претходно и групата „Ју балканска соба“ која броела над 36.000 членови од регионот на која мажи споделуваа експлицитни приватни снимки и фотографии од своите поранешни девојки. Голем дел од содржините се „одмаздничка порнографија“. Во март годинава, српските истражни органи го уапсија Н.С. (25) од Ниш, администратор на групата „Нишлијки“ под основано сомнение дека сторил кривично дело прикажување, собирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија.

Освен во Србија кривични постапки против создавачите на вакви мрежи кои злоупотребуваат и шират фотографии и видеа со порнографска и педофилска содржина, се покренаа и во Македонија за „Јавна соба“.

Бранко Стаменковиќ од Обвинителството за високо-технолошки криминал за Курир.рс, изјави дека соработката меѓу граѓаните и институциите кои се занимаваат со ова прашање е многу важна.

– Секоја информација, слична на оваа, ја сфаќаме многу сериозно и реагираме итно. Најважно е оштетениот или оние што имаат сознанија за кривично дело, веднаш, без одлагање, да контактираат директно или со локалната полициска станица или со Обвинителството за криминал од висока технологија. Тоа е, на некој начин, нивна морална обврска. Неопходно е тие да го фотографираат спорниот разговор и, ако е можно, да не го избришат, за да можеме да обезбедиме електронски докази – наведува Стаменковиќ.

ИЗВОР. ФОКУС