Ангела Меркел загрижена: Грција и Турција се на работ на конфликт!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Повеќе од два месеци откако Ангела Меркел интервенираше да спречи воена конфронтација меѓу Грција и Турција, германската канцеларка денеска посочи на долгогодишните тензии меѓу двата соседи во Егејското Море.

Тешко е да се замисли колку е мало растојанието помеѓу воен конфликт и мирно решение во некои случаи, рече Меркел на седницата на долниот дом на германскиот парламент пред утрешниот состанок на Европскиот совет.

Според неа, тензиите на Анкара со Грција и грчко-кипарската страна се високи, а Турција е партнер во НАТО.

Меркел исто така изјави дека Турција покажува извонредни напори за сместување на бегалците, критикувајќи ја Грција за неодамнешните настани во логорот Морија на островот Лезбос.

Треба внимателно да ги балансираме нашите односи и да се фокусираме на соработката – рече германскиот канцелар, опишувајќи ги односите со Турција како повеќедимензионални.