Александар Вучиќ сака да стане “газда” на Македонија. Со вакцина дипломатија и со медиуми да биде “нов Тито”



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

По објавата на нон пејперот на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, кој прво беше демантиран, а потоа беше потврдено дека постои, почнаа да се редат коцките во делот на Европа кој се уште не е дел на ЕУ. Прво беше формиран Малиот шенген а сега тоа се нарекува Отворен Балкан.

Пред две недели “братот близнак” на Јанша, Виктор Орбан објави свој манифест во седум точки, во неколку десничарски дневни весници, меѓу кои во во Билд во Германија, за иднината на ЕУ. Седмата точка е дека ЕУ треба веднаш да ја прими Србија. Не Македонија, не Албанија кои не ги почнуваат преговорите со ЕУ поради бугарското вето, туку Србија.

Францускиот претседател, Емануел Макрон пред три години дојде во Белград и во говор кој го прочита на српски јазик ја промовираше Србија во француски клучен играч на Балканот, но и како центар на целиот регион. Пред две недели Орбан го кажа истото, дека тоа што беше Полска за Вишеградската група, тоа е Србија за малиот Шенген.

Сега е веќе јасно дека и бугарското вето, а нон пејперот на Јанша се направени со француско и германско спонзорство. Сега коовскиот премиер Албин Курти изјавува дека проектот Отворен Балкан е иницијатива за зголемување на влијанието на Русија и на Кина.

Вучиќ води мешавина на таа руско-кинеска стратегија. Со вакцина дипломатија и со медиуми под негова контрола да го освои цел регион и да биде “некоја четничка верзија на Тито”. Тоа е анализирано во вчерашната емисија Во Центар, а целата емисија можете да ја погледате на линкот кој е објавен погоре.