Албанец од Македонија беше дел од талибаните!? Вкупно 40 Албанци се бореа на нивна страна



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Директорот на Косовскиот институт за меѓународни студии, Бедри Елези, за Репортери изјави дека постојат сомневања дека околу 40 Албанци од Косово им се придружиле на Талибанците во Авганистан, пренесува Косово онлајн.

Тој додаде дека има Албанци кои им се придружиле на Талибанците и претходно, во периодот меѓу 2003-2005 година, и кои се вратиле на Косово на различни начини или емигрирале во различни земји на ЕУ.

“Сакам да го споменам фактот дека имаше Албанци приведени од американската војска во заливот Гвантанамо. Еден од Албанците приведен од американската војска во Авганистан, со потекло од Македонија остана долго време на Косово, беше уапсен и екстрадиран во Македонија, изјави Елези за Репортери.

Тој додаде дека мал број Албанци им се придружиле на Талибанците и дека тие биле од Косово, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија.

Нема точни податоци за бројот на косовските жители кои им се придружиле на Талибанците во борбата против авганистанската влада која до пред некој ден беше поддржана од САД. Се верува дека бројот на косовски државјани што им се придружиле на Талибанците не е повеќе од 40, рече Елези.

Тој посочи дека безбедносната состојба во Авганистан е многу сериозна.

Со право може да се каже дека Авганистан е единствената земја со која ќе владее шеријат, како што беше случајот со ИСИС во Сирија и Ирак. Многу Авганистанци ќе бидат изложени на строги казни и многумина ќе бидат погубени, рече Елези.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×