ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
Акциите на социјалната мрежа Твитер паднаа во средата навечер на американската берза за повеќе од два отсто откако на провајдерите во Русија им беше наредено делумно да ја забават работата на мрежата на територијата на земјата, покажуваат податоците за тргувањето.
Заклучно со 17,23 часот по средноевропско време, вредноста на акциите на Твитер на берзата во Њујорк се намали за 2,78 проценти, на 65,64 долари по акција.
Руската Федерална служба за комуникации, информатичка технологија и медиуми (Роскомнадзор) донесе одлука од 10 март да ја намали брзината на работа на социјалната мрежа Твитер во Русија на 100 проценти мобилни и на 50 проценти стационарни уреди поради „злонамерно кршење на барањето на законот за отстранување на содржината забранета во Руската Федерација.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во врска со ова рече дека руските власти се целосно оправдано преземаат мерки што ги обврзуваат странските сајтови да ги почитуваат руските закони.