Агро-бизнис комора: „Замрзнувањето“ на цените на прехрамбените производи, може да ја продлабочи кризата



ИЗВОР: АЛФА

Одлуката за замрзнување на цената на основните прехранбени производи од страна на Владата е донесена без консултација со претпријатијата, а дополнително може да ја продлабочи кризата. За ваквото замрзнување да даде ефект, потребно е мерката да биде донесена со други пропатни мерки.

„ Прво потребно е влезните инпути во сите компании да се стабилизираат, односно суровините и репроматеријалите конкретно во прехрамбената индустрија да се овозмозможи да имаат соодветна минимална цена. Тоа може да се направи преку активирање на државните стокови резерви- истакна Горан Георгиевски, потпретседател на Агро-бизнис комора.

Доколку не се постапи согласно препораките кои ги дава Агро-бизнис комората, ограничувањето на цените директно ќе предизвика ефект на „празни полици“ во снабдувачките центри насекаде низ Македонија.Наместо за замрзнување на цените треба да се размислува за замрзнување на маржите, бидејќи тоа е она што во вакви услови може да спречи нереално зголемување на цените предупредуваат од комората.

„ Исто така можно е и стимулирање на сивата економија, бидејќи во неможност производите да се набават по регуларен пат граѓаните ќе бидат принудени да ги набавуваат на друг начин што ќе донесе и до формирање на цени кои се многу повисоки од реалните но ќе предизвика и несигурност во квалитетот на производите“, изјави Георгиевски.

И претседателот на Стопанската комора на Македонија алармира дека стопанството ќе се соочи со тежок период ако цените останат замрзнати подолго време бизнисите ќе се соочат со отпоштање на работници на што предупредија и од Агрокомората.

Претседателот на Агро-бизнис комора, Оровчанец предлага дека за долгорочно стабилизирање на пазарот на храна,  потребно  е формирање на една надлежна државна институција, а не како сега три министерствата, за здравство, земјоделство и министерството за економија,  кои си ја префрлаат одговорноста, а проблемите се таложат. 

Викторија Миткова

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×