ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
Одбивањето на Приштина да разговара за Сојузот на српски општини ја доведе во прашање и средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, што е закажана за 28 септември во Брисел.
Овој потег на албанските лидери, но и непостапувањето на ЕУ, исто така се толкува како намерен „тајм аут“ до американските избори.
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на Твитер објави дека преговарачите ќе се појават во Брисел во понеделник.
Приштинските медиуми објавија дека Лајчак ги поканил страните да одржат разговори, на ниво на координатори за дијалог, во недела (27-ми септември) и понеделник, 28-ми септември, додека средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се одржи во вторник, 29 септември.
Сепак, приштинските медиуми тврдат дека состанокот е сè уште неизвесен и дека ЕУ испратила покани до Белград и Приштина, но одржувањето состаноците зависи од одговорот на двете страни.
Албанците и ЕУ купуваат време играјќи на картата на Бајден. Тие продолжуваат да сметаат дека Бајден ќе победи, и дека, ако тоа се случи, тој ќе ја поддржи Германија и ќе и го препушти косовското прашање на неа. Значи, не е исклучено оваа инаетење на Приштина, и нереакцијата на ЕУ, да биде насочена против Трамп и во корист на Бајден. Бидејќи, ова е многу поширока геополитичка игра од односот помеѓу Белград и Приштина.
За потсетување, на 17 септември се одржа состанок на експертско ниво, на кој косовската делегација „категорично одби“ да разговара за ЗСО.
Тогаш, европската страна прифати експертите најпрво да разговараат за финансиите и средствата, а за ЗСО да се дискутира „во наредните денови“, односно пред планираниот состанок на 28 септември. Со оглед на тоа дека Приштина рече дека нема да има разговори за ЗСО, можно е оваа недела да нема состанок на ниво на експерти, па затоа е малку веројатно дека состанок на лидерите ќе се одржи на 28 септември.