VO CENTAR Strategija na Bugarija da gi napravi nervozni Albancite




ВО ЦЕНТАР Стратегија на Бугарија ги направи нервозни Албанците

Како во квизот Милионер, кога имаш опција да побараш помош од пријател, Бугарија сака да ја искористи таа можност за да и ја свитка раката на Македонија и Макeдонците. Пријателот кој сака да го повика Бугарија се Албанија и Албанците.

Тоа е дел од емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Со ветото, за кое сега тврдат дека не е вето, Бугарија не го блокираше само почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, туку ја блокираше и Албанија и официјална Тирана. Без дилеми тоа ќе предизвика нервоза во Албанија и тоа е картата на која играат Софија, Борисов и Каракачанов.

Преку Тирана ќе се врши притисок и врз Мала Речица и ДУИ, но и врз останатите албански партии во Македонија. Само ако ја направи Македонија нефункционална држава Бугарија има шанси да ја реалзира својата стратегија.

Така беше и 1999 година кога тогашната влада на Иван Костов не сакаше да прими дел од косовските бегалци во Македонија. Така беше и во 2001 година кога Бугарија не дозволи украинското оружје да помине преку нејзината територија.

Така и сега-Бугарија не сака да постои македонска држава и ќе игра на албанска карта да ја реализира таа стратегија.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов