VO CENTAR Sasa Bogdanovic: Ne sproveduvam politicka agenda na CPC kako Jovan Vraniskovski!?




https://vocentar.com/
Саша Богдановиќ: Не спроведувам политичка агенда на СПЦ како Јован Вранишковски!?

Саша Богдановиќ е градоначалник на општина Центар, еден од бастионите на СДСМ. Важи или важеше за човек од најголема доверба на Зоран Заев, лидерот на СДСМ. Богдановиќ, иако е сосед на Бранко Црвенковски, беше еден од првите од т.н. скопско крило на СДСМ кој застана на страна на Заев.

Заев тоа знаеше да го цени и иако имаше многу заинтересирани за таа функција, како избор на Зоран Заев, Саша Богдановиќ беше избран за Претседател на СДСМ во општина Центар.

Во текот на шераната револуција тој беше врската меѓу партијата и навивачките групи во Скопје. Имаше спекулации дека дел од бомбите со помош на Богдановиќ биле пренесени во Србија, но Богдановиќ тоа го демантираше.

Иако сите очекуваа дека Андреј Жерновски ќе ја добие поддршката од СДСМ за уште еден мандат градоначалник на општина Центар, сепак одлуката на Заев ги изненади сите и токму Богдановиќ беше кандидат и победи на изборите во центар во 2017 година.

Оваа недела беше топ тема негововото црковно венчање во манастирот Грачаница во Косово. Медиумите во Србија на тој настан му посветија огромно внимание. Дел од сватовите на свадбата употребуваа формулации и ставови кои ја шокираа македонската јавност. Дека Македонија е Стара Србија и дека МПЦ е канонски непризната црква.

На тоа следуваа бурни реакции во македонската јавност, а Саша Богдановиќ без да биде слушнат неговиот став беше осуден од македонската јавност.

Вечерва ќе има интервју со Саша Богдановиќ, кое ќе биде во стилот и според стандардите на емисијата Во Центар, каде не се прави разлика дали гостинот е од СДСМ или од ВМРО ДПМНЕ. Секој што ќе дојде во емисијата треба да биде подготвен да одговара на жешките прашања.

Со Богдановиќ ќе разговараме дали за него постои Република Косово или е Косово составен дел на Србија? Дали МПЦ е канонски призната црква? Дали е тој одбран да го спроведе во Македонија црногорското сценарио на Српската Црква.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов