VO CENTAR: Koj e oligarhot koj im platil 14 milioni evra na Bugarite za kriza vo Makedonija!?




Кој е олигархот кој им платил 14 милиони евра на бугарските политичари да предизвикаат политичка криза во Македонија!?

Еден македонски олигарх им платил 14 милиони евра на неколку бугарски политичари за да предизвикаат политичка криза во Македонија. Ова за емисијата Во Центар, го изјави Петар Богојески од Македонскиот концепт.

Според Богојески олигархот има блиски односи со Софија и Москва и целата операција е реализирана преку седиштето на ГРУ во Софија.

Во целата операција е вклучен еден бугарски европратеник, еден бугарски дипломат и советник на повеќе бугарски премиери, како и еден бугарски министер кој го контролира работењето на бугарските служби.

Тие јас спроведуваат стратегијата на “длабоката држава” во Бугарија која е под контрола на старите комунистички кадри и на Москва, вели Богојески.

Богојески не ја исклучува можноста дека таа екипа ја има спроведено операцијата Рекет која требаше да прерасне во голема политичка криза и во последен момент да ја спаси мафијата од судските процеси.

Според Богојески во моментот Бугарите имаат 150 соработници во Македонија кои работат за бугарските служби. Еден од нив е со псевдоним или кодно име Зорка и тој е главен бугарски играч во криминалот со бугарските пасоши. За тоа се води истрага во Македонија и во Бугарија, вели тој.

Најголем дел од тие соработници на бугарските служби се во исто време и соработници на старите југословенски служби како УДБА и КОС, вели Богојески.

Според него на чело на целата операција е бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов. Тој е дел на таа “длабока држава” во Софија под контрола на Москва.

Неговата задача е да предизвика политичка криза во Македонија, да биде запрен процесот на влегување на Македонија во ЕУ, а македонската мафија да се спаси од судските процеси!?

Во интервјуто ќе бидат презентирани мноштво ексклузивни информации кои досега не и биле познати на македонската јавност.

Една од темите е што де факто се случуваше на 27 април 2017 година. Според Богојески акцијата беше водена од осмиот кат на Белата палата каде е седиштето на ВМРО ДПМНЕ, како и од аеродромот во Виена каде тогаш се наоѓал Никола Груевски.

Според Богојески постои список од четири имиња, на блиски соработници на Никола Груевски кои се дел од пакет аранжманот за бегството на Груевски во Будимпешта. За нив, наводно, Груевски барал да не бидат апсени од новата власт. Според Богојески, на тој список е името на поранешниот Претседател на Собранието, Трајко Вељановски.

На прашањето дали во рамките на акцијата на 27 април 2017 година требале да бидат нападнати касарните во Велес и во Прилеп и да биде одземено оружјето, Богојески одговори дека тој располага со безбедносен сертификат и дека не може да одговори на тие прашања. Но ја повика обвинителката Вилма Русковска да ги истражи сите прашања поврзани со настаните од 27 април.

Во интервјуто Богојески говори за аферата Шпион 4 што луѓе од кабинетот на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов ја воделе против него. За списокот од 150 соработници на бугарските служби во Македонија. За тоа кој е македонскиот олигарх кои на бугарските политичари им платил 14 милиони евра да предизвикаат политичка криза во Македонија и колапс на преговорите меѓу Скопје и Софија.

До кога ќе биде на власт Зоран Заев? Што ќе се случува во Македонија? Дали Заев може да падне од власт по истото сценарио како Никола Груевски? Дали ВМРО ќе се дели на две или повеќе партии и дали ќе мора името ВМРО да заврши во историјата?

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов