VO CENTAR Goran Petronijevic: Shokantno-dokazite za Zoltata kukja se unisteni od Haskiot tribunal




ВО ЦЕНТАР Горан Петронијевиќ: Шокантно-доказите за Жолтата куќа се уништени од Хашкиот трибунал

Горан Петронијевиќ е адвокат од Белград. Бил шеф на тимот за одбрана на Радован Караџиќ во Хаг, а со своја помош учествувал и во тимовите за одбрана на Слободан Милошевиќ и Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал. Тој беше на чело на тимот на генералот Веселин Шљиванчанин кој беше ослободен од Хашкиот трибунал во врска со обвинувањата против него во војната во Вуковар.

Петронијевиќ како Претседател на судот е последниот судија кој има осудено 141 припадник на УЧК за напади врз полицијата и војската во регионот на градот Ѓаковица.

Важи за одличен познавач на функционирањето на УЧК и сите афери, криминали и контроверзи поврзни со УЧК. Според трвдењето на Петронијевиќ првите војници на НАТО кои влегуваат на Косово се припадници на УЧК кои се облечени во униформи на НАТО.

Според Петронијевиќ, по потпишувањето на Кумановскиот договор, а во согласност со тој договор војската на СР Југославија требаше да се повлече од Косово, а за возврат да се прекине НАТО интервенцијата врз СР Југославија, во НАТО не веруваат дека Белград ќе го исполни договореното и очекуваат дека може да дојде до копнени конфликти меѓу српската војска и полиција и силите на НАТО. За да не гинат НАТО војници командата на НАТО во првиот налет на Косово испраќа околу 4.500 војници на УЧК кои се облечени во униформи на НАТО.

Токму тие борци на УЧК кои делуваат во униформи на НАТО учествуваат во најголем дел на убиства и криминали кои се направени на Косово и во околните држави, Македонија, Прешевската долина итн. Преку тие групи одат и трговијата со човечки органи, вели Петронијевиќ.

Затоа е сега тешко да им се суди на командатите на УЧК, како Хашим Тачи и шефот на тајната полиција на УЧК, Кадри Весели, бидејќи тие можат да кажат многу работи за врските на УЧК со НАТО.

Војната во 2001 година во Македонија е предизвикана од оваа структура на УЧК во НАТО униформи, објаснува Петронијевиќ. Дел од таа група од 4500 лица беше пензионирана, дел се сега т.н. спијачи и чекаат јавување кога да се активираат, дел се на Косово а дел од нив се дојдени и делуваат во Македонија.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×