POLITICKA ANALIZA: Vetoto ne e pion koj stanuva kralica, vetoto e konj koj misli deka e kralica!?




ПОЛИТИЧКА АНАЛИЗА: Ветото не е пион кој станува кралица, ветото е коњ кој мисли дека е кралица!?

Со овој примитивен национализам Бугарија на Красимир Каракачанов и Бојко Борисов заличува на Србија на Слободан Милошевиќ. И едните и другите ќе паднат поради еден нон пејпер. Милошевиќ падна поради нон пејперот што не го прифати на преговорите во Рамбује. Бојко Борисов и Красимир Каракачанов, еднократно или на рати ( зависи дали ќе ги третираат ЕУ или Американците ) ќе паднат поради нон пејперот на Ангела Меркел во врска со преговорите со Македонија.

Бугарите повторуваат дека имаме заедничка историја? Која е таа заедничка иосторија и од каде ја имаме донесено? Од другата страна на Волга? Од Монголија? Од Татарстан? И од таа страна на Волга се зборувало на ваков јазик? Заедно со нив дојдовме на Балканот? Ние ги начекавме нив на Балканот? Или тие не начекаа и не затекнаа нас кога од таа страна на Балканот прво се доселија од таа страна на Дуанав а потоа и го поминаа Дунав? И зошто македонскиот јазик го прифатиле кога дојдоа на Балканот, а не романскиот со кој прво дојдоа во контакт? Или српскиот?

А да не немаме заедничка историја тукуи тие со агресија и насилие се обидуваат да ја бугаризираат нашата историја и се она што е македонско? Не станавме ние од Татари и Монголи Словени? Тие ја имаа таа драматична транзиција.

И сега по губењето на сите војни, политики и стратегии кон Македонија Бугарите ни ставија вето. Како ни ставија вето? Со помош на своето членство во ЕУ. За тоа ли станаа членки на ЕУ, за таму да ја извезуваат таа вековна бугарска агресија и политички примитивизам!?

Ние како Македонци не ги испорачувавме Евреите во Треблинка. Ние како Македонци не ги бугаризиравме Турците. Ние како Македонци не ги бугаризираме Ромите. Ние како Македонија не им браниме на Бугарите да се декларираат како Бугари во Македонија. Ние како Македонци не им забрануваме на Бугарите да формираат своја партија и да учествуваат на избори. Ние тоа не го правиме-тие го прават. Ние не сме како нив. Ние, за наша среќа, сме подобри од нив.

Евреите велат да имаш па да немаш. Тие ги имаа моштите на Гоце Делчев а сега ги немаат. Ги немаат бидејќи Делчев сакаше да биде погребан во столицата или главниот град на независна Македонија. Зошто не сакаше да биде погребан во главниот град на Тракија. Или во главниот град на голема или санстефанска Бугарија туку во главниот град на независна Македонија. Нели сме исти, нели се борел за голема Бугарија, ако сме исти зошто не сакаше да биде погребан во Софија?

Тоа национално понижување со Гоце Делчев и со Јосип Броз Тито Бугарите не можат да ни го простат. Помислија дека се сега нивните пет минути да не понижуваат и уценуваат и повторно погрешија. Но овој пат не погрешија малку или многу, овој пат погрешија колосално.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов