POLITICKA ANALIZA: MAL SENGEN, USTE POMAL VUCIC!?

ПОЛИТИЧКА АНАЛИЗА: МАЛ ШЕНГЕН, УШТЕ ПОМАЛ ВУЧИЌ!?

Сите тие почнуваат како руски играчи, а на крај завршуваат како американски спотер играчи, или како американска пита од јаболка со изминат рок!?

Пред неколку дена видовме како изгледа американската дипломатија на дело. Прво ти ја виткаат раката до каде што можеш да издржиш ( па и повеќе од тоа ) а потоа со така свитканата рака треба да потпишеш текст полн со изненадувања за кои прв пат слушаш во моментот кога го потпишуваш текстот.

Се разбира можеш и да одбиеш, но одбивањето има една цена кога си непријател, а друга цена кога си пријател на Американците. Кога си непријател на Американците најлошата работа што може да ти се случи е да не дојдеш на власт. А кога си пријател на Американците и преку ноќ ти текне дека треба да покажуваш интегритет и национална гордост тогаш спектарот на можности што може да ти се случи е неограничен или како што велат само небото може да биде лимит.

Да не се лажеме и Русите, а помалку и. Германците можат да прават проблеми, протести и турбуленции на Балканот, но само Вашингтон и Лондон можат да прават промени и домино ефект турбуленции на Балканот. Последната ја видовме во Црна Гора. Таму му помина рокот на траење на Мило. И толку. Додека Србите и Русите го рушеа Мило со државни удари и литии, Лондон како пешадија и коњаница на Вашингот ја заврши работата. Така завршуваат сите, почнуваат како руски играчи и на крај како американски играчи се пуштени низ вода.

Има те два модели. Првиот модел е шиење одело по мерка. Одете на кројач и кројачот прво ви зема мерки,а потоа ви шие одело. И имате втор модел. Кројачот шие одело и ако оделото не ви е по мерка ве пуштаат голи и боси низ вода. Се разбира ова голи и боси е фигуративно бидејќи сите тие се добро нафатирани, можеби не можат да бидат власт но можат да бидат богаташи на Азурната обала или во Мајами. Се разбира ако доброволно прифатиле дека се пуштени низ вода.

Во Црна Гора се случија промени бидејќи тоа го сакаа Америка и Лондон. Но се доволно паметни да остават Србите да се фалат дека ја вратија Српска Спарта кон матицата. Вучиќ ја “доби” Црна Гора како Данајски подарок, но мораше да прифати генерална проба како ќе изгледа финалето на меѓусебното признавање меѓу Белград и Приштина.

Бидејќи е Црна Гора членка на НАТО за Црна Гора да биде повторно ” српска” мора Србија да стане членка на НАТО. Тоа е американски дамин гамбит во шахот. Ако не знаете да играте шах ќе завршите како пешак на шаховската табла.

Сега македонската опозиција ќе биде на тешки маки. Ако не го прифати договорот од Вашингтон и влезот на Косово во Малиот Шенген ќе бидат против Трамп, а ако го прифатат договорот ќе се согласат со Преспанскиот Договор. Тоа е висока политика а во висока полиика не се влегува во куси панталони.