23 форми на канцер поради француски нуклеарни проби. Париз ќе плати тешки пари



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Франција постојано го потценуваше разорниот ефект од нуклеарните тестови што ги спроведе во Француска Полинезија во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, тврди новата студија, пишува Гардијан.

Тоа истражување, според Гардијан, може да биде основа за тужби со кои повеќе од 100.000 луѓе би можеле да бараат отштета од Франција.

Имено, Франција изврши 193 нуклеарни проби на атолите Муруроа и Фангатауфи во Француска Полинезија, помеѓу 1966 и 1996 година, а од 1966 до 1974 година изврши и 41 нуклеарен тест во атмосферата. Овие тестови го изложија локалното население, работниците кои работеа на нивно спроведување, но и француските војници на големи количини на радијација.

Научниците анализирале 2.000 страници неодамна декласифицирани документи од француското Министерство за одбрана, прегледале мапи, фотографии и други извори, спровеле десетици интервјуа во Франција и француска Полинезија, а потоа направиле реконструкција три клучни нуклеарни тестови и нивните последици.

Документите Муруроа, кои се плод на истражувачката соработка на група на новинари собрани на Дискалос, Одделот за наука и глобална безбедност при Факултетот за јавни и меѓународни работи на Универзитетот Принстон и тимот за истражување на законот за животна средина Интерпер, сугерираат дека влијанието на нуклеарните проби Алдебаран, Енцелад и Кентаур, кои беа спроведени во 1966, 1971 и 1974 година, беа значително повисоки отколку што беше официјално наведено.

Националниот институт за здравствени и медицински истражувања на Франција (Inserm) минатиот месец објави извештај за здравствените ефекти на наведените експерименти. Тој тврди дека не може со сигурност да заклучи дека постои врска помеѓу тестовите и повеќекратната дијагноза на карцином направена на жителите на островот, но истакна дека треба да се рафинираат проценките на дозата.

Гледајќи го само моделот на последиците од нуклеарната проба Кентаур, последната атмосферска нуклеарна проба пред да се префрлат на подземни нуклеарни проби, официјален Париз ја потцени контаминацијата на Тахити за најмногу 40 проценти, дозволувајќи им на десетици илјади лица да се класифицираат како жртви на тестирањето.

Според доверливиот извештај на француското полинезиско Министерство за здравство, околу 11 000 жртви на тестот биле изложени на дози на зрачење кои биле поголеми од 5 милисиверти (mSv) – пет пати поголема од доза од таа за која во случај на некои видови карцином се добива отштета.

Според документите класифицирани како тајни до 2013 година, научниците пресметале дека сите жители на Тахити и Ливердските острови – приближно 110 000 од нив – биле изложени на доза на зрачење поголема од една милисиверт само поради експериментот Кентаур.

Научниците тврдат дека новите пресметки сугерираат дека вистинските дози на зрачење на кои биле изложени жителите на некои градски квартови на Папеетеа, биле два или три пати поголеми од оние забележани во студијата спроведена во 2006 година од страна на Француската комисија за атомска енергија (ЦЕА).

Документите на Муруроа содржат и доверлив извештај испратен од официјален Париз до француската полинезиска влада во февруари 2020 година, кој се однесува на кластерот на тироидната жлезда на островите Гамбиер, место кое беше погодено по нуклеарниот тест Алдерабан, француски прв нуклеарен тест во историјата, кој беше извршен во 1966 година.

Необјавениот извештај, првото официјално признание на Франција дека експериментите влијаат на нечие здравје, вели дека кластерот се наоѓал на острови со најголемо загадување на нуклеарно оружје и дека скоро нема сомнеж дека јонизирачкото зрачење придонело за болеста

Цитирајќи интервју со локалното население, научниците велат дека сè уште има луѓе на островите чии болести – карцином на тироидната жлезда, грлото и белите дробови и леукемија, лимфом и други болести на коските и мускулите – можат да бидат поврзани со труење со стронциум и цезиум.

Научниците велат дека тие поседуваат доверливи е-пошта од 2017 година во кои француската војска, наводно, за прв пат досега, признала дека помеѓу две и шест илјади припадници на вооружените сили стационирани во Француска Полинезија, а кои помеѓу 1966 и 1974 година, учествувале во експерименти, страдале од барем една форма на рак.

Во 2010 година, Франција го формираше Комитетот за компензација на цивилните и воените жртви на нуклеарните тестови (Сивен). Лицата кои сметаа дека имаат право на паричен надоместок, требаше да докажат дека живееле на територијата на Француска Полинезија за време на експериментот и дека се разболеле од типот на рак што може да биде поврзан со експериментите. Официјалната листа на малигни заболувања поврзани со испитувањата броеше 23 различни видови на рак.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×