20 години од гранатирањето на полициската станица во Теарце и првата жртва во кофликтната 2001-ва



ИЗВОР: АЛФА

20 години сеќавање за првата жртва во конфликтната 2001.Полицаецот Момир Стојановски загина на денешен ден,при гранатирање на полициската станица во Теарце – напад кој се смета за почеток на вооружениот конфликт. И по две децении,сеќавањата се сеуште свежи,болката голема,но, и разочараноста кај бранителите.

До тоа кобно утро, ништо не навестувало, дека ова може да се случи, се сеќаваат дел од теарчани.После 20 години, животот тече,но, ова не се заборава.

Почит за загинатиот полицаец,пред полициската станица, како и пред споменикот во “жена паркот” во Скопје, оддаде и претседателот на “Достоинство”, Стојанче Ангелов.  

Инаку,врз полициската станица во Тераце на денешен ден,ноќта околу 2 часот, беа испукани два рачни проектила. Стојановски погинал на самото место, а со него на смена биле уште тројца полицајци. Еден,потешко ранет, почина после кратко време, другите двајца останаа неповредени.

Милена Вучевска