Ќе падне ли Филипче за СДСМ да остане на власт?



ИЗВОР: АЛФА

Ќе го жртвува ли премиерот Зоран Заев својот најблизок соработник Венко Филипче и министерската позиција за да  ги задоволи потребите на Алтернатива која треба да му обезбеди стабилно мнозинство?

Иако официјално ниту од Влада ниту од Алтернатива јасно не откриваат што е договорено, се погласни се информациите дека Африм Гаши ја бара министерската позиција во здравство и едно од четирите вицепремиерски места. За наследник на Филипче веќе се шпекулира со името на Беким Сали по професија стоматолог со кого Алтернатива влезе во трка и за градоначалничката позиција во општина Чаир.

Дека на маса се ставени кадровски промени потврдуваат индиректно и во соопштението од владата, но, без детали, за кои министерски позиции се разговарало, и кои се кадровските решенија, кои ги бара „Алтернатива“.

Иако досега ниту еден скандал кој го стресе здравството од набавките на кинеските вакцини, трагедијата со модуларната болница во Тетово не беа доволни за одговорност од Филипче и негово повлекување од челната позиција во министерството, сепак очигледно дека за спас на централната власт Заев  е подготвен да направи компромис и за отстапување од тој сектор.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари смета дека доколку Алтернатива прифати да влезе во Владата, таа нема да трае долго. Иако беа заедно во коалиција за локалните избори, сепак по одлуката Гаши да застане на страната на Заев ќе ја почитувале.

– Пред година и пол излеговме со г-динот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука. Доколку влезат во влада, таа влада нема да биде  одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ, рече Таравари.

По четиричасовната средба Заев и Гаши договориле начелна согласност за влегување во Влада, но деталите ќе ги пеглале на нова средба.

Доколку биде постигнат договор за коалицирање  Алтернатива ќе му обезбеди четири пратеници, на  оменталното парламентарното мнозинство, на СДСМ и на ДУИ.

Ивана Соколовиќ Најдова

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×