Што се случи во Тетово? (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Германски експерти од Федералната криминалистичка полиција (Bundeskriminalamt) ќе пристигнат во Македонија во наредните денови за да помогнат во истрагата за причините за несреќата во модуларниот ковид центар во тетовската болница, јави БТА, повикувајќи се на МИА.

Утрово беше потврдена поддршката на НАТО партнерот Германија, која го одобри и потврди пристигнувањето во земјата на специјалисти со највисоко ниво на експертиза во истрагата за несреќи за да помогнат да се утврдат причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, соопшти владината прес служба.

Станува збор за експертски тим што доаѓа од Германија, поточно од Bundeskriminalamt или Федералната криминална полиција (БКА), чие поле на активност е токму во националната и меѓународната соработка, истраги, истражувања и развој. БКA има високо ниво на експертиза во помагање на истраги, особено во однос на форензичката наука, анализата на ДНК, електронските истражувања и идентификацијата.

Меѓу посебните задачи на кои работи БКА се истраги поврзани со жртви од катастрофи и непогоди. Тоа е институција во Германија со 60-годишна традиција на работа, со околу 7.000 вработени.
Тимот експерти ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и ќе ја поддржи истрагата предводена од Обвинителството во Тетово, соопшти владината прес-служба.